Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Не сум задоволен од испораката на правдата на судството и обвинителството, тоа е слабата страна на нашето општество

Mickoski.webp.webp

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата „Објектив“ на Македонската телевизија вели дека не сака да ја коментира истрагата за трагедијата во Кочани за да не влијае врз истата, но посочи дека нема да запре да ја критикува работата на судиите и обвинителите, бидејќи како што рече не е задоволен од испораката на правдата.

„Јас не би давал квалификација колку сум задоволен или не сум задоволен во овој момент, од проста причина дека била каква моја квалификација може да биде сфатена како некакво влијание. Сепак кога претседател на Влада ќе даде некаква квалификација за одреден случај тоа може да се смета како влијание. Но, не ми пречи да го сфатат она мое укорување во мојот вчерашен говор кога кажав дека не сум задоволен од брзината на испорака на правдата во обвинителството и судството. Затоа што тоа е генерална перцепција и генерално чувство кај граѓаните. И тоа е се уште слабата страна на ова наше општество, а тоа е спората правда и чувство дека нема правда за сите подеднакво. И тука треба сите заедно да работиме“, дециден е Мицкоски.


Можете да прочитате

Над 216 македонци имаат бугарски пасош

Томас Вајц за БГНЕС: Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ, јас сум пријател на Бугарија

Собранието ги усвои измените на Законот за царинска тарифа, ќе се намалат царинските стапки на 67 стоки