Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Нашиот став и аргументи се јасни, ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и на крајот од денот да најдеме решение

Mickoski3009.jpeg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата за кочењето на евро- интегративниот пат и во пресрет на утрешната средба со Урсула Фон Дер Лајен дали ќе се отвори ова прашање, изјави:

„Па добро ние сме го кажале ставот многу пати до сега по тоа прашање. Јас немам што да додадам на тоа што сум го кажал и не знам дали понекогаш вреди да се коментира ставот на опозицијата којашто секој ден е, би рекол сѐ порадикален и личи како да се дојдени од некоја Али експрес испорака на некоја друга опозициска партија. Така што тој дел од опозицијата, не би сакал да го коментирам. А нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни, ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и да на крајот од денот најдеме решение.”


Можете да прочитате

Крмов: СДСМ бега од разговор за Изборниот законик – Левица е за една изборна единица и фер третман за изборната кампања

Мицкоски за скандалот во „Македониумот” : Ќе побарам да биде разрешен директорот на таа институција заедно со управниот одбор

Ужас во Скопје, 17 годишно момче силувал 15 годишно девојче