Утрински Весник
Македонија

Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Валенсија

Mickoski 2.webp.webp

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска и утре, со партиска делегација составена од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски, како и преставници на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ предводени од претседателката Жаклина Пешевска и преставници на Унијата на млади сили ќе присуствуваат на дводневниот Конгрес на Eвропската Народна Партија (ЕПП) во Валенсија, Шпанија.

На конгресот претседателот Мицкоски ќе има и свое обраќање на првата пленарна сесија. Тој ќе одржи и неколку билатерални средби, меѓу кои со Австрискиот премиер и претседател на сестринската партија ОВП, Стокер, како и со претседателот на Српската напредна странка и поранешен премиер на Србија, Вучевиќ, со претседателот на Демократската партија на Албанија и поранешен премиер и претседател на Албанија, Бериша и други европски лидери.


Исто така, Мицкоски ќе присуствува и на вечерата организирана за лидерите од Европската народна партија.

Можете да прочитате

За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

(Видео) Штекли осуден на осум години затвор

Автобус прегази 81-годишна жена на Партизанска