Утрински Весник
Македонија

Мицкоски најавува во идниот период 1.000 вработувања и нови инвестиции

Mickoski.jpg

Премиерот Мицкоски денеска најави дека граѓаните треба да се спремни на убави нешта бидејќи се очекуваат нови инвестиции, проширување на постоечки и нови 1.000 вработувања, информираат од владината прес-служба.

„Периодот што следи ќе бидете сведоци на уште многу такви инвестиции. Ние уште во предизборието најавувавме дека ќе имаме неколку нови инвестиции, проширување на неколку постоечки инвестиции. Така што ќе имаме динамично лето што се однесува до носењето на инвестиции или проширување на постојните инвестиции“, посочи Мицкоски.

Додаде дека се очекуваат неколку стотици милиони евра оваа година нови инвестиции и проширување на истите, како и повеќе од 1.000 нови вработувања.

Нашата цел е да ја вратиме надежта дека може да нѐ биде, нешто кое што изминатите седум години не постоеше, нагласи премиерот.

Можете да прочитате

Расчистени шест тешки кражби во радовишко, сторителот приведен, следува кривична пријава

Педофил избеган од „Идризово“ уапсен во Скопје

Приведен дрвокрадец во Скопје, следува пријава