Утрински Весник
Македонија

Мицкоски лично ќе спречува идни инциденти на косовската претседателка Османи?

Mickoski Sredba 05082024 6.jpg

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека на средбата со неговиот косовски колега, Албин Курти, се разговарало и за неодамнешниот инцидент со косовската претседателка на скопскиот аеродром.

Во изјавата, Мицкоски се понуди лично тој да ја придружува косовската претседателка Вјоса Османи кога таа нареден пат ќе се појави на аеродромот во Скопје.

„Претседателката на Косово е добредојдена како и сите граѓани на Косово и следнито пат доколку навремено ја добија информацијата, лично, ќе ми биде задоволство да ја пречекам како домаќин на аеродромот и да ја придружувам во времето кое таа ќе го помине на скопскиот аеродром за да избегнеме ваков тип на инциденти, а посебно однесување на поединци, што е наш домашен проблем“ кажа Мицкоски.

Со ваков став, Мицкоски се понуди лично самиот да превенира идни инциденти, со што алудира на две работи, односно првата е дека институциите немаат капацитет да се справат со однесувањето на косовската претседателка и втората дека претседателката на Косово се однесувала проблематично (за што и самиот Мицкоски кажа дека ова не е прв, туку трет ваков инцидент на скопскиот аеродром од страна на Османи и нејзиниот тим).

Инаку, според информациите Османи и во минатото правела инциденти, кога при патување со комерцијален лет одбивала да ги предаде приватниот телефон и рачниот багаж на безбедносна контрола на скенер, а нејзиното обезбедување се расправало и се заканувало кон вработените на аеродромот.

Во однос на одоносите со Косово, Мицкоски рече дека добрососедските односи се двонасочна улица, оценувајќи дека дипломатските односи со Косово не се нарушени.

Можете да прочитате

ОУ „Лазо Ангеловски“ го прекина бојкотот, учениците утре продолжуваат со настава

ВМРО-ДПМНЕ: Сите 9 судии на Уставен се избрани од 2018 до февруари 2024, кога во судството жареше и палеше ДУИ и СДС

Ѓорѓиевски: Голем интерес за мерката за ослободување од комуналии за младите