Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Граѓаните ќе одлучуваат на кои проекти ќе бидат трошени парите од буџетите на општините

Мицкоски: Граѓаните ќе одлучуваат на кои проекти ќе бидат трошени парите од буџетите на општините

Граѓаните ќе одлучуваат на кои проекти ќе бидат трошени парите од буџетите на општините, работиме транспарентно и отчетно, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од општина Бутел, на почетокот на приемот на граѓани во рамки на „Отворен ден во твојата општина“.

dobivaj vesti na viber

Првиот човек на партијата образложи дека градоначалниците почнуваат со поинаков пристап до креирањето на буџетот во општините, односно дел од средствата кои што ќе се трошат ќе бидат практично изворно добиено како предлог од страна на граѓаните.

„Транспарентно, отчетно, таков е пристапот на ВМРО-ДПМНЕ. Дарко кажа онаму каде што има општини со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ најпрво дадовме отчет пред граѓаните за тоа што се е сработено од минатогодишните локални избори до овој ноември, една година од мандатот во услови на тешка економска криза, во услови на голема опструкција од страна на централната власт, а сега веќе ги отвораме општините за да може граѓаните самите да дадат предлози кои што ќе ги реализираме во буџетот од следната година. Тука во Бутел од програмата која што ќе биде реализирана и која што е дел од кампањата и која што беше дел од кампањата на локалните избори се околу 30тина улици, нивно асфалтирање и реконструкција, потоа тука е спортскиот комплекс во Љуботенски пат кој што исто така ќе биде изработен во тековната година, мислам на 2023 година. Потоа има неколку делници на канализацијата и водовод, расчистување на коритото на река Серава, потоа ќе се замени уличното осветлување што претставува огромен трошок за општината, ќе има повеќе пари за капитални инвестиции, работиме, иновираме и тоа е разликата на ВМРО-ДПМНЕ да работи и да испорачува пред граѓаните, за разликата од власта која што има поинакви приоритети од тоа кое што би требало да го има. Така што да сумирам денеска сум во Бутел да дадам поддршка на Дарко, на администрацијата овде да продолжиме со истата динамика на реализирање на проекти, а граѓаните на следните предвремени парламентарни избори ќе знаат да ценат кој работи а кој не работи и краде“, рече Мицкоски.

Градоначалникот Дарко Костовски изјави дека е задоволен од денешнниот одзив.

„Она што би сакал да го истакнам е дека ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и секогаш заедно со народот ги носи своите одлуки што не е нели момент кој што го почитуваат и другите останати политички партии, особено оние кои што се на власт“, рече Костовски.

Идеи и проекти се предлагаат денес и утре, а ќе продолжат и во текот на следниот викенд. Потоа се очекува општинските совети да ги усвојат буџетите и да почнат со нивна реализација.

Можете да прочитате

Ковачевски: Минимална плата од 600 евра и само 7% невработеност до 2028 година

Османи: Вашиот глас е инвестиција за иднината

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ