Утрински Весник
Економија

Мицкоски ќе го репреговара договорот со „Бехтел и Енка“

Img 4190 1536x1152 1.jpeg

Новата влада предвидена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го репреговара договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10д, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Христијан Мицкоски.  Обраќајќи се на завршувањето на дводневниот Самит на „Македонија 2025“, Мицкоски рече дека пред новата влада во врска со договорот со „Бехтел и Енка“ има две можности. „Едната е да се раскине договорот и да се оди на арбитража, а втората е да се седне со компаниите и да се разговара за договорот„, кој како што рече, „треба да се оптимизира“. Според него, условите во договорот се асиметрични. До сега од Буџетот биле издвоени 250-300 милиони евра за реализација на проектот, но „ниту една шајка  не е закована“.  Мицкоски најави дека начинот на финансирање на овој проект нема да биде со пари од Буџетот. 

Можете да прочитате

ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6 април

Мицкоски: Од денес 3 денари попуст на сите бензински на ОКТА, во овој момент имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа

Битиќи: Намалувањето на ДДВ не e решение за енергетската криза