Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Денес се поклонивме на македонскиот великан Гоце Делчев со желба за национално обединување по 8-ми мај

Slika.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најпрвин ќе ми дозволите на сите православни христијани да им го честитам Христовото воскресение, да им посакам на сите граѓани во Македонија и насекаде во светот благосостојба, мир, љубов, хармонија во нивните домови, во нивното семејство. Ова се денови кога православните христијани го слават Христовото воскресение, нешто што за нас многу значи, за сите семејства. И уште еднаш ќе потенцирам дека ова се денови кога треба да ги минеме во хармонија и во обединување.

Истовремено ќе ми дозволите да истакнам дека денеска се поклонуваме на ова место, за нас посебно, традиционално, на македонскиот великан Гоце Делчев со желба за национално обединување, општествено обединување. Нешто што ќе ни биде потребно после осми мај. Нешто што треба да биде императив после осми мај. Да ја вратиме надежта. Да ја вратиме надежта дека Македонија и граѓаните на Македонија ќе успеат.

Така што уште еднаш ќе ми дозволите да изразам моја најдлабока лична почит кон македонскиот великан Гоце Делчев од мое име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, и од името на Коалицијата „Твоја Македонија”.

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче