Утрински Весник
Економија

МФ: Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутун на 15.144 тутунопроизводители

Tutun 7.jpg

Министерство за финансии денеска исплати 2.028.714.243 денари субвенции за произведен и предаден тутун од реколта 2025 година, средства наменети за 15.144 тутунопроизводители.

Со исплатата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен фокус на тутунарството како стратешка и традиционално значајна земјоделска дејност.


Преку редовна и навремена исплата на субвенциите, се создаваат услови за поголема финансиска стабилност на земјоделците, одржување на производството и понатамошен развој на руралните средини.

Владата и Министерството за финансии остануваат посветени на политики кои ќе придонесат за поголема конкурентност на домашното земјоделство, повисоки приходи за земјоделците и одржлив развој на аграрниот сектор.

Можете да прочитате

СДСМ: Животниот стандард на граѓаните е урнат – 50% од вработените имаат плати до 36.000 денари

Бугарија влегува во трката за бакар, Македонија сè уште не го активира потенцијалот на Иловица

Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ