Утрински Весник
Економија

МФ: Исплатена нова транша  кон Развојната банка од 11,3 милиони евра за поддршка на домашните комании

Mf.webp.webp

Министерството за финансии исплати нова петта транша во износ од 700,9 милиони денари или 11,3 милиони евра кон Развојната банка, средства кои се наменети за поддршка на домашните компании.

Средствата, како што се наведува во соопштението на МФ, се трансферирани од Буџетот врз основа на доставено барање од Развојната банка, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки.


МФ додава дека во Буџетот за 2025 година за поддршка на домашната економија и домашните компании се проектирани вкупно 250 милиони евра.

-Досега се префрлени кон домашните компании пет транши во вкупен износ 171,1 милиони евра. Средствата за поддршка на домашната економија беа обезбедени преку заем од унгарската Експорт-импорт банка, со цел да се пласираат средства по поволни услови за реализација на инвестиции во приватниот сектор. Досега искористеноста на оваа кредитна линија од страна на домашните компании е 68 отсто, се наведува во соопштението на МФ.

Можете да прочитате

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори

М-таговите отсега достапни преку мобилните оператори по цена од 49 денари месечно

Филипче од Босилово: Земјоделците трпат огромни загуби, откупните цени паднаа за 30%