Утрински Весник
Македонија

“МЕТЕОАЛАРМ” СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Соседна Грција попладнево и вечерва ќе биде погодена од силно невреме

Meteoalarm.mk Nevreme 1.png

Почитувани мои, за сите вие кои планирате попладнево и вечерва да патувате во соседна Грција, но и вие кои сте на одмор таму, попладнево и вечерва да бидете крајно внимателни поради тоа што очекуваме силно невреме и поројни врнежи од дожд, силни грмежи, силен ветер и со појава на силен град.

Особено силни атмосферски процеси очекуваме во централна  и во јужна Грција.

Во ваква ситуација можни се и поројни поплави, дури се можни и Суперкелии кои би можеле да предизвикаат и да развијат торнадо во одредени места од оваа земја. Слична ситуација очекуваме  и во Турција, со што и во оваа земја очекуваме појава на локални но силни временски непогоди денес попладне  и навечер.

Почитувани, на следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување на невреме “НОТАС” токму за местото каде што се наоѓате во моментов https://nothas.finki.ukim.mk/ 

Следете ја алатката НОТАС која е од голема корист за секој.

Можете да прочитате

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат