Утрински Весник
Македонија

“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈАВА: За Божиќните празници краткотрајно натпросечно топло, потоа продор на многу ладен воздух од Арктикот и снег!

Meteoalarm.mk 53.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

За време на Божиќните празници ќе имаме релативно топло и стабилно време со значителен пораст на температурите кои ќе бидат натпросечно високи. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, и истио локално  ќе засилува на интензитет. Сепак, утре (вторник, прв ден Божиќ) ќе имаме повеќе облачност во Македонија, па така, особено во западните предели ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.


Во дел од котлините, особено оние кои се наоѓаат во Повардарието, ќе има појава на магла и на ниска облачност, и истата ќе биде особено изразена и густа во ноќните  и во утринските часови.

И во Скопскиот регион времето за Божиќните празници ќе биде стабилно и суво, со појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните  и во утринските часови и тоа во пониските предели од котлината. Повремено ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе бидат позитивни, односно над нулата, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 тепени, додека во југоисточните предели максималната температура има можност да се искачи и за некој степен над 15 степени. Во Скопје температурата наутро ќе се спушта во интервалот помеѓу -1  и 3 степени, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 7 и 10 степени.

Сепак, станува збор за краткотрајно поголемо затоплување на времето, што значи дека, веднаш по Божиќните празници, односно од викендот па во деновите потоа, целиот Балкан, вклучувајќи ја  и Македонија ќе бидат зафатени од нов многу ладен бран од Арктикот кој ќе услови многу ниски температури, силен северен ветер и повремено пообилни врнежи кои полека насекаде ќе преминуваат во снег. Детална анализа околу ова следува во следните мои метео објави.

Можете да прочитате

Тетовски универзитет покрена постапка за разрешување на професорот Артан Груби

Скопје на светската мапа – четврти по загаденост

Тројна радост во Битола на Бадник: Мајка роди две братчиња и сестричка