Утрински Весник
Македонија

“МЕТЕОАЛАРМ” НАЈАВА: Доаѓаат нови врнежи од дожд, снег, а снежната покривка на планините ќе се зголемува!

Meteoalarm.mk . Sneg.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Од претстојната ноќ и утре (четврток 5.12.2024), од југозапад во Македонија ќе се прошируваат врнежи кои ќе бидат од дожд, додека на планините, а во западните  предели и на повисоките места (до околу 1000 метри надморска височина) ќе бидат од снег, каде снежната покривка ќе се зголемува.

Пообилни врнежи ќе има во западните предели каде локално ќе наврнат над 15 литри дожд на метар квадратен.  Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од  југоисточен правец.

Во Скопскиот регион, особено утре (четврток 5.12.2024) ќе има повремени врнежи од дожд, додека на околните повисоки планини ќе има услови за повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер ид југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие утре ќе бидат нешто пониски и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, додека во Скопскиот регион максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија