Утрински Весник
Македонија

МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За време на викендот нестабилно со пороен дожд, грмежи засилен ветер и локална појава на невреме

Messenger Creation 299d8b80 734f 4a2d B666 197e6b94cfe6.jpeg

Под влијание на влажна  и на нестабилна воздушна маса која ќе биде поврзана со висинскиот циклонски систем од запад, за време на овој викенд во Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално повторно ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да предизвика нови поројни поплавувања, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град. Токму поради ова препорачуваме крајна претпазливост.

И во Скопскиот регион за време на овој викенд ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.

Што се однесува до температурите, тие остануваат без промени, освен во недела кога ќе биде малку посвежо со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.

Можете да прочитате

66-годишен велосипедист од Скопје по удар од автомобил завршил со тешки повреди

Опожарено товарно возило во Трубарево

66-годишен велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Скопје