Утрински Весник
Балкан

Мета предупреди на ескалација на акциите на опозицијата а Албанија ја нарече Колумбија на Европа

Meta.webp.webp

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата Илир Мета предупредува на ескалација на акциите на опозицијата порачувајќи дека „друг пат нема, пресметката со злото нема да престане“.

-Акцијата на опозицијата нема да запре, па дури и дополнително ќе ескалира. Опозицијата нема друг начин освен да ја засили својата акција. Значи ќе го продолжиме овој фронт во однос на конфронтацијата со оваа власт, во пресметката со злото, каде и да е, затоа што секоја клетка на администрацијата е силно заразена од непотизам и неодговорност, рече меѓу другото Мета во изјава за новинарите.

Обвини дека Албанија се смета за Колумбија на Европа, „шверцерите поддржани од владата а полицијата во служба на дрогата и криминалот ја претворија Албанија во нарко држава“.

До сега опозицијата има одржано 10 протести, повеќето пред општинската зграда во Тирана, последниот во четвртокот пред зградата на парламентот, сите придружени со фрлање молотови коктели, насилно однесување кон полицијата и со барање за заминување на градоначалникот Ерион Велиај и владата на чело со Еди Рама.

-Самото продолжување на протестите на опозицијата и нивната ескалација ќе ги даде вистинските резултати, смета тој.

Главен организатор на протестите се демократите, приврзаници на Сали Бериша, кои „многу помасовен протест“ најавија за в понеделник.

Можете да прочитате

Сопственикот и архитектот на хотелот во Турција кој се урна во земјотресот осудени на 18 години затвор

Семејно насилство во Белград: ја злоставувал мајка си, па и држел нож на грло

Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград