Утрински Весник
Балкан

Српската влада усвои уште една програма за поддршка

Zname na srbija.jpg

Српската влада го усвои Заклучокот за усвојување на Програмата за финансиска поддршка за производство на облека и други текстилни и кожни производи во 2026 година, која обезбедува вкупно 140 милиони динари, и како грант и како средства од заемот на Фондот за развој.

Целта на оваа програма е зголемување на инвестициите во секторот на текстилната и кожарската индустрија, модернизација на производствените капацитети, зголемување на продуктивноста, зајакнување на позицијата на домашните производители, зачувување на работните места и создавање нови, објави владата.

Програмата обезбедува 70 милиони динари во грантови и 70 милиони во кредити од Фондот за развој, и тоа: за кофинансирање на купување нова или употребувана опрема за производство (до пет години стара), возила за достава, компјутерска опрема и софтвер, адаптација на производствениот простор (до еден милион динари) и обртен капитал до 20 проценти од инвестицијата.

Грантовите изнесуваат до 40 проценти од вредноста на инвестицијата, или до 50 проценти за компаниите од третата и четвртата развојна група на општини.

Производителите на текстилни и кожни производи можат да добијат од 625.000 до 3.000.000 динари (односот заем-грант е 60:40), или од 500.000 до 3.000.000 динари (50:50 за помалку развиените општини).

Максималниот износ на грантови е 1.200.000 динари, или 1.500.000 динари во неразвиените подрачја.

Остатокот се финансира од сопствени средства или кредити од Фондот за развој, со рок на отплата до 60 месеци и каматна стапка од 2,5 проценти.

Можете да прочитате

Бугарија се повлече од коалицијата за помош на Украина

Потврдено обвинението против обвинетите за трагедијата на железничката станицата во Нови Сад во 2024 година

Во Грција запленети над два тона небезбедни млечни производи од Бугарија – биле превезувани со камион без ладилник