Утрински Весник
Скопје

Без струја корисници во Центар, Бутел и Карпош

Struja.webp.webp

Без електрична енергија денеска од 08.30 до 14 часот ќе бидат корисниците од дел од ул. „Христо Смирненски“ од бр. 19 до крајот на улицата кон Бул. „Партизански Одреди“ во општина Центар, како и индустриските објекти на бул. „Босна и Херцеговина“ (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ) во општина Бутел. 

Прекин во снабдувањето со струја денеска ќе има и за корисниците од дел од ул. „Козле“ во општина Карпош во периодот од 08:40 до 09:40  часот. 

Причина за прекините се најавени зафати во електродистрибивната мрежа од страна на ЕВН Македонија, информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.

Можете да прочитате

Меџити: Започнува соработката со Универзитетот „Мајка Тереза“ во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“

Герасимовски: Наместо луксузни апартмани, на запленетата парцела во ДУП-от Барутана е планиран дом за стари лица

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение