Утрински Весник
Балкан

Мета од затвор: Нема сила во светот да го запре ураганот на слободата

20241030092702 Big 730x400 91.webp.webp

Поранешниот албански претседател и лидер на опозициската Партија на слободата, Илир Мета, реагираше од притворската ќелија од затворот „313“ во Тирана, во врска со синоќешниот протест на опозицијата, со блокада на 6 главни национални патни правци.

Во објава на Фејсбук, на која има и фотографии со моменти од протестот, Мета им се заблагодари на учесниците на митингот наведувајќи дека „Албанците храбро застанале да ја земат судбината на Албанија во свои раце“.

-Срдечна благодарност и признание до стотиците илјади патриотски Албанци ширум земјата кои застанаа со храброст и силно патриотско и национално чувство, во неотповиклива пресметка со нарко-државата, да ја земат судбината на Албанија во свои раце. Нема сила во светот да го запре ураганот на слободата!“, пишува Мета.

Доцна синоќа благодарност упати и Фљамур Нока, генерален секретар на Демократската партија.

-Ги преплашивме! Денеска беше црн ден за нарко режимот! Внесоа нарко полиција за да ја заплашат опозицијата. Граѓанската непослушност почна да вродува со плод. Граѓанската непослушност ќе им даде решенија на Албанија и Албанците, наведува тој.

Според него „техничката влада е единственото решение за Албанија и Албанците“.

-Граѓанската непослушност ќе продолжи. Нема враќање назад, издржливоста и отпорот ќе ги дадат своите плодови, порача Нока.

Опозицијата од 17 до 20 часот ги блокираа патиштата, на неколку места имаше судир меѓу полицијата и учесниците, беа запалени гуми и контејнери за отпад.

Можете да прочитате

Рама на средба со албанската дијаспора во Лондон, пречекан со протест

Детали за експлозијата во Хрватска: Бомба му експлодирала во рака на забава – Почина 25-годишник, четири лица, меѓу кои и малолетничка, се тешко повредени

Голем протест на пензионерите во Атина