Утрински Весник
Македонија

Месото го изеле, но огнот го оставиле – Недогасната првомајска скара предизвика сериозен пожар во Марчино

Pozar.jpg

Во селото Марчино, во близина на Пробиштип, излетничка небрежност доведе до сериозен пожар што целосно зафати напуштена куќа и штала.

MK Summit

Според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот избувнал по оставен недогаснат оган од првомајска скара.


Пожарот бил пријавен вчера, а Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Пробиштип реагирала веднаш.

„Од 13:55 до 18:00 часот, четворица пожарникари со две возила интервенирале на локацијата, успешно локализирајќи го огнот. Сепак, огнените јазици, разгорени од ветерот, успеале да ја проголтаат и шталата и куќата пред да бидат изгаснати“, информираат од ЦУК.

ЦУК потсетува дека запалениот оган на отворено, особено во пролетниот период кога има зголемена излетничка активност, мора да се изгасне целосно. Секоја оставена искра претставува ризик – не само за природата, туку и за имотот и животите на луѓето.

Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани 7 пожари на отворено, меѓу кои и еден на депонија во Прилепско. Сите биле изгаснати навремено, благодарение на интервенциите на пожарникарските служби.

Оваа настан уште еднаш ја истакнува потребата од зголемена свест и одговорност при престој во природа и користење отворен оган.

Можете да прочитате

Битиќи: Во ребалансот власта не дава пари за плата од 100.000 денари за пожарникарите

Ѓорѓиевски им подаде рака на угостителите: Заедно за модерен Скопје

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија