Утрински Весник
Македонија

Мицкоски најавува намалување на акцизи a со месеци одбива да преземе мерки, велат од СДСМ

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Христијан Мицкоски денеска најавува намалување на акцизите поради растот на цената на нафтата. 


Ова е уште еден пример како ВМРО-ОКГ реагира дури кога е веќе предоцна, а не кога проблемот може да се спречи.

Месеци наназад СДСM повикуваа на конкретни мерки за заштита на граѓаните од поскапувањето на цените. 

Владата на Мицкоски или намерно одбиваше да реагира, или од незнаење и неспособност не преземаше ништо. 

Цените се покачија и не се вратија назад.

Сега, кога цените повторно скокнаа, премиерот излегува со „најава” како да е нешто ново и храбро.

Граѓаните веќе со месеци плаќаат повисоки цени, не само на бензин и дизел, туку на сите производи храна, додека ВМРО-ОКГ се однесуваше како да не постои проблем. 

Наместо превентивни мерки, добивме “реакција” откако штетата е веќе направена. 

Ова не е политика ова е признавање на сопствениот неуспех, маскиран како „решение”.

Владата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ веќе две години ја води Македонија во економска криза, со поскапувања на сè, од храна до горива. 

Наместо да ги штитат граѓаните, ги штитеа трговците. 

Ова е истата логика со која се однесуваат кон сите економски проблеми, прво игнорираат, па кога ќе експлодира, излегуваат со половични мерки без ефект.

Граѓаните не заслужуваат реактивна власт која се буди дури кога цените стануваат неподносливи.

Заслужуваат проактивна политика која ги штити пред да поскапи се, а не после тоа.

Можете да прочитате

Тетовец тврдел дека дедо му и баба му му украле 3,5 милиони денари, заработи кривична

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори