Утрински Весник
Спорт

Меси: Свесен сум дека крајот е блиску

Меси: Свесен сум дека крајот е блиску
Ss2

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен и на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, изјави дека е свесен оти полека му се ближи крајот на кариерата.

dobivaj vesti na viber

Меси (35) со Аргентина ќе се обиде да го освои Светското првенство во Катар бидејќи тоа е единствената титула што му недостига во импресивната кариера.

Ss1

Тој минатата година пристигна во ПСЖ од Барселона, а најверојатно, по Светското првенство, ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

„Уживам во прекрасниот град, но не беше лесно да се адаптирам. Сè се случи одеднаш и претходно не можев да уживам во сето тоа со моето семејство. Го сакам фудбалот и сакам да го играм. Цел живот го правам тоа .Сигурен сум дека по завршувањето на кариерата, ќе останам во фудбалот, но на друга позиција“, призна Меси.

Тој има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, но сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Светските медиуми пренесуваат дека Меси би можел да се врати во Барселона, а се споменуваше и можност да замине во МЛС-лигата или некој аргентински клуб.

„Не знам, уште многу работи може да се случат. Како момче сонував да играм во аргентинскиот фудбал, а денес тоа зависи од многу работи. Имам семејство, три деца, неодамна направив голема промена во мојот живот. Тешко му на целото семејство“, заклучи Меси.

СП ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември во Катар, а Аргентина, ќе биде во групата Ц со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер