Утрински Весник
Спорт

Меси нема цимер во собата во Катар

Меси нема цимер во собата во Катар
300x250 (7)

Лионел Меси првпат ќе биде сам во собата на големо натпреварување откако игра за сениорскиот тим на Аргентина. Судејќи по фотографиите, кои излегоа од базата на репрезентацијата, на вратата на Лео е испишано само неговото име, додека негови први соседи во соседната соба се Родриго Де Пол од Атлетико Мадрид и Никлас Отаменди од Бенфика.

dobivaj vesti na viber

Меси повеќе од 10 години беше цимер со Серхио Кун Агуеро, кој минатата сезона се поради проблеми со срцето и ја заврши кариерата. Поради ова, еден кревет во собата на Лео ќе остане празен.

300x250 (7)

Поради низа несреќни околности, Агуеро овојпат немаше ниту шанса да се избори за место во тимот, иако многумина на почетокот на квалификацискиот циклус замислуваа дека за двајцата ова ќе биде проштално Светско првенство.

Меси и Агуеро заедно пораснаа низ младинските селекции на Аргентина, беа заедно на теренот и во финалето на Бразил, кое Аргентина го загуби со 1:0.

Учеството на Мундијалот Аргентинците ќе го започнат во групата Ц заедно со Саудиска Арабија, Мексико и Полска, оваа група во осминафиналето ќе вкрсти со Д групата во која се Франција, Австралија, Данска и Тунис.

Ss1

Можете да прочитате

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс