Утрински Весник
Македонија

Мерко го славел фашистичкиот окупатор и ги вознемирил стружани, утврди Комисијата за дискриминација

Merko 3 2.jpg

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) по поднесена претставка од 29 жители на оштина Струга утврди дека актуелниот градоначалник на Општина Струга, Рамиз Мерко ги вознемирил жителите поставувајќи спомен плоча испишана на албански јазик со која се славел периодот на окупација од фашистичка Италија и Кралство Албанија пред училиште кое е прогласено за културно наследство на Македонија.

„СЕ УТВРДУВА ПРОДОЛЖЕНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ врз основа на друго уверување во областа на културата и културното наследство, сторено од страна на градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, врз жителите на Општина Струга.


На 15.05.2024 година до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација беше поднесена претставка од 39 подносители, жители на Општина Струга, против градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, за заштита од вознемирување врз основа друго уверување во областа на културата и културното наследство.

Подносителите во претставката наведуваат дека Управата за заштита на културно наследство со Решение за прогласување на значајно културно наследство Уп. Бр. 18-118 од 07.05.2021, Споменичната целина Образовен комплекс на ул. Партизанска бр. 4 во Струга, која се состои од 3 објекти и тоа: 1) Училиште кое е изградено во 1934 година, 2) Женско занаетчиско училиште, кое е изградено во 1935 година и 3) Приземен објект, дограден од северната страна на занаетчиското училиште во 50тите години на минатиот век, го прогласила за значајно културно наследство.

Градоначалникот на Општина Струга, согласно наводите од претставката, на 05.03.2024, на самиот влез на училишната зграда, во која сега се наоѓа седиштето на Општина Струга, поставил плоча испишана на албански јазик со која се слави периодот од 01.09.1941 година, кога Струга била под окупација од тогашна фашистичка Италија и Кралството Албанија, а во нивна служба како соработници биле балистите.

Подносителите наведуваат дека датумите кои се поврзани со отворањето на училишта на тогашните окупатори на Западна Македонија, во која окупација од Италија и Албанија влегува и Струга, силно ги повредува чувствата на сите етнички заедници кои тогаш живееле на подрачјето на Струга и струшко, но и на цела Западна Македонија. Новата спомената окупација, според подносителите, ја заменила дотогашната и продолжила со истите денационализаторски политики и пракси, убивана, силувања, терор и асимилација на македонското и останатото неалбанско население. Според подносителите, постојат низа историски јавно достапни податоци кои ги потврдуваат нивните тврдења.

Оттаму, подносителите сметаат дека не смее да се дозволи на објект кој е заштитен од Управата за заштита на културното наследство да стојат табли со кои се глорифицира фашистичка окупација. Според нив, недозволиво е да се слават настани кои ги повредувале основните човекови права и националните чувства на граѓаните на Струга и струшко.

Можете да прочитате

Даути поднесе оставка по интерпелацијата

Дрин Ахмети демантира дека е виден во „ролс ројс“ од 400 илјади евра, бара извинување од „Вреди

Љутков: Градиме стратегија со која Вардарскиот регион и Градско ќе прераснат во бисер на транзитниот туризам