Утрински Весник
Магазин

Мерки во случај на итна помош или смрт на патник во авион

D0bfd0b0d182d0bdd0b8d187d0bad0b0 D181d0b5 D0bfd0bed180d0bed0b4d0b8 D0b2d0be D0b0d0b2d0b8d0bed0bd D0bdd0b0 D0bbd0b5d182 D0bed0b4 D0bcd0be 63cd86b88f9ad.jpeg

Стјуардесите се обучени и задолжени да се справат со многу видови случаи при лет – како што е и итна помош или ненадејна смрт на патник.

Според Меѓународното здружение за воздушни патувања, има просечно еден ненадеен смртен случај на 40.000 летови, а според други испитувања, тој сооднос е 1:200.000 патници. Итните медицински случаи се нешто почести. Поранешната стјуардеса Лиза Хјуз открива што би се случило ако на некого му се слоши за време на лет.

– Екипажот веднаш ја проценува состојбата околу тој патник. Ние сме обучени за основна прва помош и имаме медицинска опрема за итни случаи. А, првиот чекор е да прашаме дали во авионот има медицински професионалци кои се подготвени да помогнат. Комуницираме и со пилотската кабина за да го известиме капетанот. Авиокомпаниите имаат и свои специфични протоколи за справување со медицински итни случаи, а честопати се консултираат и со лекари преку наменска комуникациска линија, објасни таа.

Во зависност од тежината на случајот, екипажот може да спроведе основна лекарска нега, како што е давање кислород, лекови или други слични мерки за прва помош. За посериозни состојби, капетанот може да одлучи да го пренасочи летот до најблискиот аеродром, за патникот да се згрижи в болница што е можно поскоро.

– Нема правило за промена на патеката на летот во случај на смрт на самиот лет. Пилотот мора да следи одредени прописи за известување, во зависност од земјата и јурисдикцијата на одредишниот аеродром, како и протоколот на компанијата, изјави директорот на светската агенција за човековата безбедност Глобал рескју“ (Global Rescue), д-р Арнолд Сејд, за „Си-ен травелер“ (CN Traveler).

Имено, протоколот во случај на смрт на патник при лет – варира по авиокомпанија. Главно, тоа вклучува преместување на телото во пооддалечно место, ако тоа е можно. Тоа може да биде и празно седиште, ред или просторот за одмор на екипажот.

Достоинството на починатиот е должност на вработените. Тие го покриваат телото и прават сѐ тоа да не биде видливо за другите патници. Авионот обично продолжува до својата дестинација, каде што го преземаат властите, а компанијата обезбедува поддршка за семејството на починатиот. 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста