Утрински Весник
Економија

Тренчевска: Меѓународен монетарен фонд – важен партнер за економски раст и реформи

Image 2026 03 30 183834568.png

Денеска, во Собранието се одржа средба на Комисијата за буџет и финансирање со претставниците на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), шефот на Мисијата, Ник Гигинешвили, Јуан Хијао и Фатон Сулејмани.

Потпретседателката на Комисијата, Јованка Тренчевска, им посака добредојде и изрази задоволство поради можноста за реализирање на оваа  средба. Таа истакна дека ММФ е важен партнер на Република Северна Македонија во справувањето со економската криза и спроведувањето на квалитетни економски и фискални политики и реформи за подобар економски раст, како и за подобрување на животот на граѓаните и условите за развој на стопанството.


Шефот на Мисијата на ММФ, Ник Гигинешвили, ги истакна состојбите во стопанството на нашата земја, реформите во јавната администрација и пензискиот систем. Други прашања кои беа разгледани се и изградбата на Коридорот 8 и 10, монетарната политика, капиталните инвестиции, енергетскиот сектор, и воопшто влијанието на кризата врз економијата.

На крајот од средбата, беше изразена заедничка подготвеност за продолжување на конструктивниот дијалог и понатамошно продлабочување на соработката, со цел успешно справување со економските предизвици и обезбедување стабилен и одржлив економски развој на земјата.

Можете да прочитате

Со такси лани се возеле речиси 18,5 патници

Бројот на субјекти што не издаваат фискални сметки сè уште голем, привремено затворени 25 објекти

Славески од Регионалниот состанок на гувернери: Поврзувањето на  системите за инстант плаќања е едно од најпрактичните решенија за побрзи и поевтини прекугранични плаќања