Утрински Весник
Македонија

 34-годишен гостиварец е осомничен дека го убил својот татко во семејниот дом

Mvr Policija 4.jpg

На 31.03.2026 во 01:50 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д.(34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Имено, претходно во 01:30 часот во Полициската станица Гостивар машко лице пријави дека се сомнева за убиство на член од неговото семејство.

Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата е пронајден починат К.Д.(63) од Гостивар со видливи повреди и траги од насилство во пределот на главата, по што, поради сомнение дека се работи за убиство од слобода е лишен неговиот син.


Според првичните изјави на осомничениот, татко му починал претходниот ден околу 14:50 часот по пад во купатило, но случајот не го пријавил кај надлежните служби. Известен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Во Амбасадата на САД во Скопје одбележани 250 години од американската независност

Зулфикар Зејнулах предложен за министер од ТДП 

Возач од Тетово уапсен: Возел 177 км/ч на делница со ограничување од 80 км/ч