Утрински Весник
Свет

Меркел: Не можев да влијаам на Путин, веќе немав сила

Меркел: Не можев да влијаам на Путин, веќе немав сила
Ss2

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека сакала да свика разговори меѓу Европа и рускиот претседател Владимир Путин годината пред воениот напад на Украина, но дека немала начин да влијае на рускиот лидер на крајот на нејзиниот мандат.

dobivaj vesti na viber

Меркел изјави за „Шпигел“ дека таа и францускиот претседател Емануел Макрон планирале да организираат независен формат за разговорите на Путин со Европскиот совет во 2021 година, последното лето од нејзиниот мандат.

300x250 (7)

„Но, јас веќе немав сила да го туркам процесот, бидејќи сите знаеја: таа заминува наесен“, изјави поранешната канцеларка.

Таа се повлече од политиката по 16 години на власт во Германија, по изборите во септември 2021 година и откако во декември му ги предаде овластувањата на Олаф Шолц од Социјалдемократскиот сојуз.

Сеќавајќи се на нејзината последна посета на Москва во август 2021 година, Меркел, која течно зборува руски, изјави за „Шпигел“: „Чувството беше јасно – во однос на политичката моќ, вие сте готови. За Путин важна е само моќта“.

Коментирајќи го нејзиното заминување од политичката сцена, таа вели „дојде време за нов пристап“ бидејќи нејзината влада не постигнала напредок, не само во Украина, туку и кога станува збор за конфликтите во Молдавија, Грузија, Сирија и Либија.

Ss1

Можете да прочитате

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа

Бајден со задоволство ќе учествува на дебата со Трамп

Израел го извести Египет дека дава „последна шанса“ да го реши прашањето за заложниците