Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф најави коренити промени во својот тим.
Првата трка сезонава заврши со доминантна двојна победа на Ред Бул, додека возачите на Меррцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел беа петти и шести.
Ова предизвика реакција од шефот на Мерцедес, Тото Волф.
„Со оглед на разликата што е создадена во првенството, секако дека размислуваме за коренити промени, но тоа се промени за кои треба време да станат решение пред се во воздушниот тунел и тоа не може да се случи преку ноќ. Се уште бараме каде можеме да го подобриме болидот, бараме потенцијал за развој и само по неколку трки промените ќе бидат видливи“.
„Сè на сè, имаме многу работа да направиме бидејќи е јасно дека треба да ги поправиме работите што не се во ред, а јазот во перформансите е голем и изгледа дека ќе продолжи да се зголемува. Нашето темпо не е добро и работиме напорно за да разбереме што можеме да направиме за да се поправиме во блиска иднина“, изјави Волф.