Утрински Весник
Македонија

„Мепсо“: Во голема паника ДУИ вeќе почна да ги напаѓа кадрите на Зијадин Села

22.1.mepso 271130 319225 344852.jpg

Јавната набавка за хортикултурно уредување е постапка што ја распишало и ја спровело претходното раководство на АД МЕПСО и наша определба е да не се потроши ниту еден денар за овој целосно непотребен трошок, велат од „Мепсо“.

Потребата за ваква набавка, како што е наведено во соопштението, е наведена во планот на јавните набавки за 2024 година, објавена во мај, а одлуката за избор на најповолна понуда е донесена на крајот на јули од страна на менаџерскиот тим во заминување.

„Бидејќи постапката беше во финална фаза, а соочени со можноста од правни последици, АД МЕПСО ја потпиша. Инаку, станува збор за рамковна спогодба склучена за временски период од 12 месеци, што значи дека не постои обврска за искористување на средствата. Како нов менаџерски тим цениме дека набавката за хортикултурно уредување не е неопходна и за неа нема да се доставуваат нарачки. До овој момент не постојат финансиски импликации по однос на оваа спогодба и уверуваме така ќе биде до истекот на спогодбата. Оттука, цениме дека денешната прес-конференција е само блед обид на ДУИ преку напади на кадрите на Села компанијата да ја вовлече во партиски престрелки“, истакнуваат од компанијата.

Ја повикуваат јавноста да ја следи реализацијата на набавката преку електронскиот систем за јавни набавки затоа што, како што додаваат, јавноста има право да знае како се трошеле и трошат средствата на компанијата, која е во државна сопственост.

„Ова не е прв пример за непотребно трошење пари од страна на претходниот менаџерски тим ако се знае дека од буџетот на компанијата се трошеле пари за донации и спонзорства и онаму каде што не било неопходно, при што за оваа намена буџетот е пречекорен за речиси 10 милиони денари“, се истакнува во соопштеното.

Можете да прочитате

На Лидија трагата и се губи во Лисиче – Семејството моли МВР да се вклучи поактивно во потрагата

Мицкоски за средбата со „Рош“: Целта е граѓаните да добијат врвни здравствени услуги

Браќа од Охрид нарачале два килограми кокаин од Бразил, но ги фатиле на аеродромот во Скопје