Утрински Весник
Свет

Мелони: Сурогат мајчинството е нехумано, неопходен e закон за да се криминализира

Meloni 1.jpg

Италијанската премиерка Џорџа Мелони објави дека смета дека сурогат мајчинството е нехумано и дека го поддржува законот со кој оваа практика би станала универзално кривично дело.

„Сè уште верувам дека изнајмувањето утроба е нехумано и ја поддржувам легислативата за ова да стане универзално кривично дело. Се надевам дека таков закон ќе стапи во сила што поскоро“, рече Мелони на средбата „За млада Европа – демографски промени, животна средина и иднина“.

Таа додаде дека јавната потрошувачка за поддршка на раѓањето „е корисна потрошувачка со многу висок мултипликатор и не може да се смета исто како и другите расходи во нашиот буџет“, пренесува Анса.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа