Утрински Весник
Македонија

ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА САМО ЗА МАКЕДОНИЈА ОКОЛУ НАГЛАТА И ЕКСТРЕМНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО КОЈА НИ СЛЕДУВА ОД СРЕДА: Обилни врнежи од дожд, снег и силен ветер

9162db99 8d81 4141 81e4 2d850d348055.jpg
Img 5587

Метео анализа на Славно Попоски:

Почитувани, уживајте за време на овој викенд, како и во понеделник и во вторник во рано-летните температури на воздухот, но и во стабилното, суво и претежно сончево време. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, а во недела, како и во понеделник во најтоплите централни и југоисточни предели тие би можеле да надминат  и 30 степени.

Img 5587

Веќе од среда, па се до крајот на следната недела под влијаните на силен и ладен Атмосферски фронт од север и од северозапад, во Македонија очекуваме нагла, и екстремна промена на времето. Ќе има обилни врнежи од дожд, а температурите ќе опаднат дури и за околу, а понекаде  и за повеќе од 15 степени во споредба со сегашните. Поради заладувањето, на планините над 1300 – 1400 метри ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира снежна покривка. Температурите од среда, а особено од четврток ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени, се работи за максимални дневни температури на воздухот.

Кон крајот на следната седмица и во Македонија ќе има услови за појава на утрински мразеви, особено на повисоките места и на планините. Да напоменеме дека поради тоа што ладниот Атосферски фронт ќе пристигне на загреана  и топла Атмосфера, локално ќе се развијат  и грметевични облаци (нестабилна Атмосфера) од која се очекуваат поројни врнежи од дожд, силен ветер, грмежи, а можна е и појава на град (локално во форма на невреме).

Ова особено лошо ќе се одрази кај метеопатите, но поради тоа што се работи за екстремна и нагла промена на времето која долго време сме ја немале, здравствени проблеми можни се  и кај повеќето граѓани.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, денот на трудот – СДСМ секогаш била на страната на работниците

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје