Утрински Весник
Економија

Мелничарите најавуваат поскапување на лебот и брашното за 10 отсто

Мелничарите најавуваат поскапување на лебот и брашното за 10 отсто

Поради скапата струја и растот на берзанските цени на пченицата, меничарите најавуваат дека до крајот на ноември цената на лебот, брашното и печивата ќе порасне за најмалку 10 проценти.

dobivaj vesti na viber

Бараат субвенции за струја или да бидат додадени на регулираниот пазар.

Претседателот на Групација на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора, Горан Малишиќ рече дека од голема корист би биле и ноќните вишоци што ги продава ЕСМ, зашто 75 отсто од производството на пекарската индустрија се изведува ноќе, пренесе Радио Слободна Европа.

„Во сегашната консталација, берзанската цена на пченицата како основна суровина повторно почна да расне. Од жетвата 2022 цената на француската берза е зголемена за околу 10 отсто, а и зголемувањето во Србија е исто така 10 проценти. Тоа значително ќе ја зголеми цената на брашното и на лебот со печивата за минимум 10 проценти во наредниот период од максимум 40 до 50 дена“, истакнува Малишиќ.

Додава дека залихите на пченица кај приватните субјекти, силоси и мелници се на историски најмал минимум поради намалената домашна жетва во 2022, но и неможноста на мелниците да набават пченица од увоз поради високата цена.

 

Можете да прочитате

(Видео) Деспотовски за „Реално“: Во последните три години имаме две милијради инвестиции, а бројот на вработени во ТИРЗ го зголемивме тројно

Награда и признание за Азески од Универзитетот „Гоце Делчев”-Штип”

Прва регионална конференција на сметководители и овластени сметководители