Утрински Весник
Магазин

Мекензи Скот се разведува од вториот сопруг

Мекензи Скот се разведува од вториот сопруг

Ниту вториот брак не ѝ донесе среќа на една од најбогатите жени во светот.

dobivaj vesti na viber

Поранешната сопруга на Џеф Безос, милијардерката филантроп Мекензи Скот, поднесе барање за развод од вториот сопруг по помалку од две години брак.

Мекензи минатата година се омажи со професорот по наука Ден Џевет од Сиетел, набргу по разводот од основачот на „Амазон“, Џеф Безос, во 2019 година.

Таа во понеделникот поднесе барање за развод во Врховниот суд на округот Кинг во државата Вашингтон. Според документите, кои новинарите на „Њујорк тајмс“ имаа можност да ги видат, сопругот не го оспорил разводот, а поделбата на имотот веќе била одредена со предбрачен договор.

Мекензи и Ден се венчаа во тајност во март 2021 година, а се шпекулираше дека има проблеми во нивниот брак кога таа престана да го користи неговото презиме во своите потписи. На страницата Giving Pledge, каде милијардерите се обврзуваат да дадат дел од своето богатство на други, неговото презиме повеќе не се појавува покрај нејзиното.

И во нејзината официјална биографија повеќе не се споменува нејзиниот втор сопруг, иако претходно беше наведено дека Мекензи живее во Сиетл со своите четири деца и сопругот Ден.

Да потсетиме, Џеф Безос и Мекензи во 2019 година објавија крај на нивниот брак.

„Решивме да се разведеме и да продолжиме со нашиот живот како пријатели“, беше наведено во објавата, потпишана од двајцата.

Нивниот брак траеше 25 години и тие се родители на четири деца – три сина и една ќерка.

Безос и Мекензи имаа три сина. Но, и двајцата отсекогаш сакаа ќерка. Како и многу други Американци кои во тоа време доаѓаа во Кина да посвојат деца, парот Безос реши да посвои и девојче од Кина.

Можете да прочитате

Еве кои хороскопски знаци ќе добијат пари оваа година

Утрински Весник

Само едно седиште во авионите е посебно, има и зошто тоа е така

Трет Toп Ган: Том Круз повторно ќе го глуми Маверик