Утрински Весник
Македонија

Ковачевски до Ковачки: Не бев во војска поради абдоменален проблем, ти си кодош и дезертер

Ковачевски до Ковачки: Не бев во војска поради абдоменален проблем, ти си кодош и дезертер
Ss2

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека имал абдоменални проблеми и дека поради тоа не служел војска во 2000 година. Тој смета дека не е трајно неспособен, а од Собранието посочи: „Тој здравствен проблем го имам и сега“.

dobivaj vesti na viber

Ова објаснување доаѓа по прашање од пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кого го нарече кодош кој изнесувал документи од АРМ (каде што Ковачки беше полковник).

300x250 (7)

„Јас Димитар Ковачевски ветив дека ќе ја зборувам само вистината. Сосема накусо, во 2005 година, согласно сите законски процедури, согласно Законот за одбрана член 51 во рамки на повеќестепена процедура, врз основа на мислења од стручни лица, а поради здравствен абдоменален проблем кој сè уште го имам, се регистрираше фактот дека не можам да служам воена обврска. И тоа во 2000 година, пред воениот конфликт. Ниту сум бил прв ниту последен таков случај, базиран на таква состојба“ – кажа Ковачевски.

Според премиерот, дезертер е Ковачки кој од воена опрема облекол палто: „И го прави она што најдобро знае да го прави од Белата палата, да плука и по живо и по мртво. Тоа е движечка мизерија“.

Ковачевски побара конзилијарна медицинска поддршка.

„Јасно и гласно ја соопштувам вистината, не за да се објаснувам. Вистината и фактите не се објаснуваат, туку за да ја говорам вистината. Јас во 2001 година бев во Скопје и Куманово, му помагав на татко ми, кој беше градоначалник, им помагав на кумановчани, не избегав од државата, останав тука. А екипата на ДПМНЕ фаќаше кривини по грчките плажи“, додаде Ковачевски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ правеле воен криминал во 2001 година, а тој се бори за граѓаните.

„Имаат проблем бидејќи се крадци, криминалци, насилници, неработници и кодоши. Бидејќи се растураат внатре помеѓу себе заради делење  пари и тендери како последниот од 136 милиони евра. Како што цело раководство им е осудено на десетици години затвор поради криминал. Ги прочита народот“, кажа Ковачевски.

Ss1

Можете да прочитате

Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците, со 250 милиони евра годишно дополнително ќе се развиваат општините

Тетовецот што опљачка казино во Лешок заврши во притвор

ВИКЕНД МЕТЕО АНАЛИЗА: Сончев, пролетно топол и сув викенд – Услови за краткотрајна нестабилност претежно во планинските предели