Утрински Весник
Свет

Мекарти: Комисиите да го истражат политички мотивираното гонење на Трамп

По две години, профилите на Трамп на Инстаграм и Фејсбук беа вратени

Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Кевин Мекарти, изјави дека ги упатува соодветните комисии да истражат дали се користат федерални средства за да се влијае на изборите или, како што наведе, политички мотивирано кривично гонење на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

dobivaj vesti na viber

„Грозна злоупотреба на моќта од страна на радикалниот обвинител“, напиша Мекарти на Твитер, без да го именува окружниот обвинител.

Претходно Трамп изјави дека очекува да биде уапсен во вторник бидејќи, како што наведе, според протечените информации, верува дека обвинителството на Менхетен го обвинува дека тајно плаќал пари на порно ѕвезда и ги повика своите приврзаници да протестираат.

Во објавите на неговата социјална мрежа „Социјална вистина“, Трамп алудираше на извештаите дека наскоро би можел да се соочи со кривична пријава во Њујорк во врска со давање пари на ѕвездата од филмови за возрасни Сторми Даниелс во замена за нејзиното молчење за наводната врска со него.

Ен-би-си њуз во петокот објави дека агенциите за спроведување на законот подготвуваат можни обвиненија против Трамп на почетокот на следната недела. Локалните, државните и федералните органи за спроведување на законот и безбедносните агенции, наводно, се подготвуваат за можноста Трамп да биде обвинет на почетокот на следната недела, според изјавите на пет високи функционери запознаени со подготовките.

Трамп, кандидатот за републиканска претседателска номинација, го осуди „незаконското протекување“ што „навестува“ дека ќе биде уапсен во вторник. Тој негираше дека сторил нешто лошо и ја нарече истрагата на американскиот обвинител од Демократскиот Менхетен, Алвин Брaг, продолжување на партискиот „лов на вештерки“ против него.

Тој, исто така, го обвини Браг, кој е Афроамериканec, дека е „расист“. Клучен сведок во случајот е Мајкл Коен, поранешен адвокат на Трамп, кој сведочеше пред големата порота минатата недела.

Според Ен-би-си њуз, Коен во 2018 година пред федералниот суд признал дека незаконски и платил на Даниелс, како и на зајачицата на Плејбој, Карен Мекдугал, да молчат за наводната афера со претседателот. За тоа дело, како и за некои други, тој е осуден на три години затвор.

Можете да прочитате

Египет бара Израел да ги отвори премините со Појасот Газа

Израелски напад во Рафа, загинаа 6 деца и тројца возрасни

Пет тинејџери повредени во пукање во парк во Мерилденд