Утрински Весник
Спорт

Мегваер очекува прекрасна атмосфера на „Олд Трафорд“ против Македонија

Мегваер очекува прекрасна атмосфера на „Олд Трафорд“ против Македонија

Капитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегваер очекува прекрасна атмосфера на „Олд Трафорд“ на квалификацискиот меч против Македонија во понеделник. „Трите лава“ првпат играат на „Олд Трафорд“ од 2007 година, пристигнувајќи на мечот со нашата репрезентација со стоотстотен учинок во квалификациите за ЕУРО 2024.

dobivaj vesti na viber

„Ќе биде прекрасно! Бев многу среќен кога слушнав дека мечот ќе се игра на ‘Олд Трафорд’, бидејќи е посебна ситуција за сите репрезентивци на овој стадион, но за мене е специјално бидејќи се работи за најдобриот стадион на светот. Сигурен сум дека ќе победиме“, вели Мегваер.

Иако изминатата сезона ретко кога беше во тимот на Манчестер јунајтед, англискиот селектор Герет Саутгејт му верува на дефанзивецот, кој одигра 90 минути на мечот со Малта, кој „трите лава“ го добија со 4:0.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија