Утрински Весник
Македонија

Меџити: Аптеките ќе добијат ленти за дијабетичари до крајот на неделата, а сензори до крајот на септември

Меџити: Аптеките ќе добијат ленти за дијабетичари до крајот на неделата, а сензори до крајот на септември

До крајот на оваа недела аптеките ќе добијат ленти за дијабетичарите, рече денес министерот за здравство, Фатмир Меџити. Сензорите, кои ги очекуваат со месеци, пак, Меџити вели дека ќе стигнат до крајот на септември, а за сите термини веќе биле известени здруженијата на дијабетичарите.

dobivaj vesti na viber

„Не префрлам вина, тоа е наследен проблем, знаат сите од друштвата на дијабетичарите како доцнел тендерот. Правиме сè што можеме за до крајот на оваа недела аптеките да може да подигнат ленти, а до крајот на септември ќе бидат донесени сензорите, како што им е ветено на пациентите“, рече министерот Меџити.

Тој најави и новитети во лекувањето на детскиот дијабетес, но не откри за што конкретно станува збор.

„Не застануваме тука, разгледуваме и можност за децата со дијабетес да донесеме еден поголем новитет, со кој ќе имаат поквалитетен живот, да немаат компликации и да нема финансиски импликации за хоспитализирање кога ќе станат возрасни“, рече Меџити.

Дијабетичарите минатиот месец излегоа на предупредувачки протест пред Министерството за здравство оти со месеци беа оставени без терапија, сензори и глукомери, а по протестот, добија уверување од Министерството за здравство дека долгите тендерски процедури завршиле и дека ќе ги добијат потребните лекови, сензори и ленти.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег