Утрински Весник
Македонија

Меџити ја стартуваше кампањата: „ Делувај сега, за природата !“

Image 13.png

Првиот заменик председател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, по повод одбележувањето на 28 Јули, Светскиот ден на заштита на природата, со низа активности во парк-шумата Гази Баба, го најави официјалното започнување на кампањата: „Делувај сега, за природата!”.

Министерот Меџити, заедно со група ентузијасти и поборници за здрава животна средина, со пример покажа како треба да се развиваат позитивните однесувања во природата која што значи живот, подобро здравје, место за релаксација и одмор, а воедно е и дом на богат животински и растителен свет.

На настанот беа засадени дрвни насади, поставени канти за отпадоци, обновена е бојата на реквизитите на игралиштето, а учесниците во акцијата направија прошетка низ парк-шумата Гази Баба и уживаа во оваа зелена оаза за  граѓаните на Скопје.

Гази Баба е ретко место во главниот град на државата што на урбаните заедници им овозможува зелен простор за одмор, за спортување, за прошетки и за играње на најмладите во природа и на чист воздух.

Кампањата ќе се спровдува преку различни активности во текот на целата година и има за цел да поттикне позитивни и одговорни однесувања во природа, да го поттикне волонтерството и грижата за природата, бидејќи грижата за животната средина мора да биде императив на секој од нас.  

– Природата е нашето најголемо богатство и наша должност е да ја зачуваме за идните генерации – изјави Меџити најавувајќи дека во текот на едногодишната кампања   ќе се спроведат низа конкретни и ефекасни активности, како што се садење на дрвни насади за обновување на зеленилото во урбаните и руралните средини на територијата на целата држава, спроведување на редовни акции за чистење на реките, шумите и парковите со масовно вклучување на заедниците и волонтерите, мотивирање на селектирањето и рециклирањето на отпадот преку развивање на добри практики и понуда на нови и соодветни инфраструктури за сепарација на отпадот, спроведување на едукативни програми во училиштата и заедниците, за подигнување на свеста за важноста на заштитата на животната средина и одржливиот начин на живот и подобрување на законодавството за животната средина преку зајакнување на постоечките закони, усвојување нови политики што ја штитат и зачувуваат природата.

– Во овој контекст, „Делувај сега за природата” има за цел да донесе одржлива и видлива промена во начинот на кој ја третираме и управуваме нашата животна средина – истакна Меџити и ја повика јавноста да се придружи на ова важно патување и да придонесе за заштита на нашата заедничка животна средина.

– Под наше водство, уверени сме дека „Делувај сега за природата” ќе биде успешна приказна, доказ за нашата посветеност кон животната средина и извор на гордост за секој граѓанин на оваа земја. Со мали дела, можеме да постигнеме големи промени – додаде Меџити.  

Можете да прочитате

Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за ланската година на 51. седница на Собранието

Специјална Стериина награда за колективна актерска игра за ансамблот на претставата „Народен пратеник“

СДСМ: Одговорност за оние кои го завија Кочани и Македонија во црно мора да има