Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Мбапе потврди дека е дојден крајот на неговата мисија во ПСЖ

Mbape 696x366 1.jpg
Img 7972

Килијан Мбапе јавно потврди дека неговата мисија во редовите на францускиот фудбалски првак Пари Сен Жермен (ПСЖ) е завршена. Во следната сезона нема да го носи дресот на „светците“ во кој одигра 306 меча и постигна 255 голови што го прави најдобар стрелец во историјата на клубот. „Секогаш велев дека ќе се обратам кога ќе дојде време за тоа. Затоа сега сакам да ви кажам дека ова е мојата последна сезона во ПСЖ. Нема да го продолжам договорот и за неколку недели ќе дојде крај на оваа авантура. Многу емоции има тука. Имав чест толку години да бидам дел од најдобриот француски клуб и еден од најдобрите во светот. Овој клуб ми овозможи да се развивам како фудбалер, рече Мбапе. Голгетерот не сакаше да открие каде ќе ја продолжои кариерата, но потврди дека ќе си замине од Франција. Сите очекуваат во најскоро време да се потврди дека Мбапе во следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид.

Можете да прочитате

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути