Утрински Весник
Спорт

Мбапе им се обрати на тренерите и навивачите на ПСЖ

20240511084806 Big 730x400 92.webp.webp

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе им се обрати на тренерите и навивачите на парискиот клуб.

Претходно во текот на вчерашниот ден напаѓачот објави дека ќе го напушти тимот на крајот на оваа сезона.

– Најпрво, сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи и на сите тренери – Унаи Емери, Томас Тухел, Маурицио Покетино, Кристоф Галтие и Луис Енрике. И спортските директори Леонардо и Луис Кампос кои секогаш ме придружуваа. Благодарност до сите во клубот.

Сакам да им се заблагодарам на навивачите. Разбирам дека не сум најдемонстративниот играч, не секогаш ја оправдував љубовта што ми ја даваа сите седум години. Но, никогаш не изневерував, и секогаш сакав да играм најдобро.

Ќе ја завршиме сезоната со трофеј и тој ќе остане во моето срце. Збогум Париз, порача Мбапе на својата страница на социјалната мрежа Х.

Заедно со парижаните Мбапе шест пати стана шампион на Франција, трипати освојувач на Купот и Суперкупот на земјата. Во сезоната 2019/20, ПСЖ стигна до финалето на Лигата на шампионите, губејќи од Баерн.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл