Утрински Весник
Спорт

Мбапе ја однесе Франција во осмина-финалето

Мбапе ја однесе Франција во осмина-финалето
Ss2

Бранителот на титулата, фудбалската репрезентација на Франција избори пласман во осмина-финалето на Мундијалот во Катар. Французите, во второто коло, ја победија Данска со 2:1. Со оваа победа Франција ја обезбеди првата позиција во Д-групата.

dobivaj vesti na viber

Франција и Данска, според квалитетот што го поседуваат, одиграа одличен натпревар, особено во второто полувреме, во кое беа постигнати головите.

300x250 (7)

На Данска и пресуди Килијан Мбапе, со головите во 61. и 86.минута. Асистенти за головите беа помладиот Ернандез и Гризман.

Мбапе веќе постигна три гола и се израмни на првото место на листата најдобри стрелци со Евер Валенсија.

Голот за Данска го постигна Кристенсен во 68.минута.

По голот за израмнување, Данска имаше добра шанса преку Линстрем, неговиот дар го одбрани Љорис, а потоа Брејтавјт ја погоди стативата.

Веднаш потоа Франција возврати со три шанси во неполни 100 секунди, но Чумамени, Кунде и Мбапе не успаја да го совладаат Шмајхел.

За четири дена Франција ќе игра против Тунис, додека Данска и Австралија ќе се борат за второто место во групата.

Ss1

Можете да прочитате

Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та 

Клоп по поразот од Евертон: Борбата за титулата во моментов не е во наши раце

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп