Утрински Весник
Македонија

Мажи од Гостивар со оружје усмртиле коњи, полицијата ги приведе

Мажи од Гостивар со оружје усмртиле коњи, полицијата ги приведе

Две лица од селото Лакавица, Гостиварско се приведени од страна на полицијата откако со оружје усмртиле два коња.

dobivaj vesti na viber

„На 07.09.2023 околу 15.30 часот во гостиварско, од полициски службеници од полициска станица Гостивар се лишени од слобода А.А.(32) и З.И.(31) двајцата од с. Лакавица, гостиварско постапувајќи по пријава според која во с.Страјане, гостиварско, тие со огнено оружје усмртиле два коња“, велат од МВР во дневниот билтен.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Акциска контрола на СВР Битола, казнети 80 мотоциклисти и 10 возачи на електрични тротинети

Мојсоска: Повеќе од една година лицата со хемофилија живеат во голгота поради недостиг на лекот ‘фактор 8’

За влез во Грција се чека по неколку часа