Утрински Весник
Македонија

Масовна тепачка во затворот Идризово, снимен моментот кога изби конфликтот (ВИДЕО)

Screenshot 4 14.jpg

Голема тепачка во затворот „Идризово“ изби попладнево. Според првичните информации на „Скопје1“, сѐ се случило во делот на затворот наречен „амбуланта“.

Почнало со турканици, продолжило со боксови, кршење, па се приклучиле и други затвореници за да се допресметаат.

Од видеото се слуша кршење, викање, а се гледа и чад исто така може да се види дека се работи за десетици затвореници кои се чини дека имале вербален конфликт, кој потоа прераснал во физичка пресметка.

Засега не се познати мотивите за тепачката.

Видеото погледнете го со клик ТУКА.

Можете да прочитате

Со „голф“ удрил во бетонски столб, повредени две лица

Три жени во Скопје нападнати од своите сопрузи во последните 24 часа

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи низ Македонија