Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Судските реформи се клучни за забрзување на евроинтеграциите

Маричиќ: Судските реформи се клучни за забрзување на евроинтеграциите
300x250 (7)

Денеска во Брисел се одржува објаснувачкиот скрининг состанок за Поглавјето 23 „Правосудство и фундаментални права“, со кој се заокружува објаснувачкиот скрининг за првиот Кластер, „Темели“.

dobivaj vesti na viber

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, во своето воведно обраќање рече дека Поглавјето 23 ќе бара посебна посветеност во текот на целокупниот процес на преговори и многу работа на судските реформи, бидејќи од тоа ќе зависи брзината на отворање и затворање на поглавјата и кластерите и дека Владата е целосно посветена на судските реформи.

300x250 (7)

„ Реформите на македонскиот судски системи и владеењето на правото, се клучни прашања во нашиот пристапен процес во ЕУ. Имаме политичка волја и посветеност за решавање на недостатоците во клучните области како што се судство, борбата против корупцијата и организираниот криминал и слободата на медиумите и ќе продолжиме со реализација на обврските до целосно модернизирање и европско функционирање на правосудниот систем, рече вицепремиерот Маричиќ.

Тој потенцираше дека како поранешен министер за правда многу добро ја знае важноста на владеењето на правото, независносто и ефикасно судство, почитувањето на човековите права и борбата против корупцијата и дека овој објаснувачки состанок доаѓа во вистински момент, бидејќи ќе даде насока и можност правилно да се планираат реформите.

Во текот на излагањето главниот преговарач со Унијата, Маричиќ, ги сподели пред претставниците на Европската комисија неодамнешни достигнувања во ова поглавје, напоменувајќи дека периодот за имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година е при крај, во тек е подготовка на нова се четиригодишна Стратегија.

„ Правната рамка усвоена во 2019 и 2020 година, во која спаѓаат Законот за судови, Законот за Судски совет Закон за Советот на јавни обвинители и Законот за Јавно обвинителство, ги постави основите за обезбедување на судската независност и одговорност, правилата за назначувања врз основа на заслуги, имот и верификација на судир на интереси и дисциплински постапки, додаде Маричиќ.

Маричиќ се осврна и на достигнувањата во рамки на тековната дигитализација на судството и дигиталните услуги кои се достапни за граѓаните на националниот портал за е-услуга, како што се електронски потврди од кривичната евиденција за физички и правни лица, како и за интероперабилност за електронска размена на податоци меѓу 86 институции.

Ss1

Можете да прочитате

Во Куманово на три избирачки места не се гласа

Излезноста на гласачите до 15 часот во споредба со изборите во 2019 година е поголема за 6.37%

Одѕивот на гласачите до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку излегле во Центар Жупа, а најмногу во Новаци