Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Математиките на ВМРО-ДПМНЕ не излегуваат и се нервозни и провоцираат

05824491 C8ad 4488 8ef5 805b52e01139.jpg

„Државата ја продадоа оние од ВМРО – ДПМНЕ кои што освен да урлаат не знаат ништо. Тие што сакаат да ја купат цела држава со се Охридското езеро и крајбрежје е на тие граѓаните не му веруваат и затоа се нервозни. Нивните математики не излегуваат и затоа се нервозни“ рече вицепремиерот Бојан Маричиќ на митинг во Аеродром.

Тој додаде дека поради тоа се појавуваат на митинзите на СДСМ за да провицираат, бидејќи не може да се соочат со реалноста и вистината.

„Би сакал на крајот само да порачам дека оваа кампања нѐ мотивира повеќе, нѐ мотивира да не престанеме да се бориме, да не се откажеме никогаш, нѐ мотивира да ги победиме како што ќе ги победиме“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека поразот на ВМРО-ДПМНЕ е блиску и дека не можат да ја побердат Европска Македонија, со европски животен стандард, европски напредок и европска младина и иднина.

Можете да прочитате

СДСМ: Нов скандал во Владата на Мицкоски – Јанушев со фирма во Бугарија?

Уапсени две лица во Скопје – во возило пронајдени околу 90 пратки стока без соодветна документација, возачот управувал без возачка дозвола

ТДП влегува во Владата – добива вицепремиер и две заменик-министерски места?!