Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Единствено стабилен СДСМ може да спречи старо-нов режим

44f1ceb9 5170 4ff0 Ae23 97e585053bfb.jpg
Dik 300x250 mk

Во интервју за Рацин.мк, првиот вицепремер, Бојан Маричиќ, зборува за пораките добиени од граѓаните по првиот круг на претседателските избори како и за натамошните чекори и насока по која ќе се движи СДСМ.

„СДСМ добро ги разбра граѓаните. Испратена ни е многу сериозна порака и ние ја прифаќаме и разбираме еднакво сериозно. И во минатото имало слични предизвици за СДСМ, но партијата како високо организирана, масивна и демократска организација секогаш успеваше да остане во директен контакт со граѓаните, да покрева нова инспирација и нова енергија од базата и од теренот и да се исправи во заштита на интересите на државата и на граѓаните,“ вели Маричиќ.

Тој додава дека консолидацијата во партијата е започната. И посочува дека продолжуваат понатаму, на терен, на средби со граѓаните, со цел да се допре до секој човек, во борба за секој глас.

„Но, во исто време, добро знаеме, а добро знаат и сите граѓани со каков ризик се соочува Македонија. Граѓаните знаат дека е ризично една политичка опција, особено со авторитарно минато, да добие многу голема политичка моќ и затоа СДСМ нема да се откаже, напротив ќе се исправи и ќе биде бедем за демократијата, на слободата, на солидарноста, за социјалната правда, за рамномерниот економски раст,“ вели Маричиќ.

Тој посочува, дека само стабилен СДСМ, може да спречи старо-нов режим какои дека тоа е приоритет и во партијата внатре и цел на изборите на 8 мај.

Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница