Утрински Весник
Македонија

Марјан Шокаровски експресно вратен на позицијата медицински директор на Кардиохирургија

Sokarovski Marjan 1024x684 1 1.jpg

Минисерот за здравството, Арбен Таравари денеска потврди дека доктор Марјан Шокаровски е вратен на позицијата медицински директор на Клиниката за кардиохиругија.

– Јас мислам дека правилно постапила по тоа што укажала Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) – нормално го вратила стариот директор. Јас мислам дека одлуката е во ред. Ќе видиме во периодот понатаму можеби ќе назначиме нови директори секаде, рече Таравари на новинарско прашање.

Др Шокаровски е чен на владеачката ВМРО ДПМНЕ и е во највисоките органи на партијата а неговиот брат е избран за пратеник на ВМРО ДПМНЕ од Охрид.

Д-р Илир Демири, кој беше министер за здравство пред Таравари го разреши Шокаровски, според него, поради две причини.

Рече дека имало 170 пациенти кои не се внесени регуларно во „Мој термин“ и немаат отпусно писмо или прилог кон умреница. Другата причина за разрешување, според Демири, се крајно нарушените меѓучовечки односи во таа институција.

Антикорупциска комисија одлучи дека разрешувањето на Шокаровски е незаконско и дека со него се прекршени Законот за спречување корупција и Законот за здравствена заштита.

Шокаровски беше поставен за директор на Клиниката откако претходниот министер Фатмир Меџити го разреши долгогодишниот директор на Кардиохирургија – Сашко Јовев.

Можете да прочитате

Бабовски: Влашкиот народ никогаш не бил само нем посматрач на историјата, туку активен градител на цивилизациските вредности

Учество на министерот Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингборг

Циклон од југоисток ни носи невреме во Македонија за време на овој викенд