Утрински Весник
Македонија

МАНУ организира тркалезна маса „Зелен раст – посебен осврт врз Северна Македонија“

Manu.webp.webp

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денес организира собир на тема „Зелен раст – посебен осврт врз Северна Македонија (Животна средина, циркуларна економија, енергетска транзиција, трговија).“

Воведен говор ќе одржи академик Владо Матевски, по што ќе следат два панели: „Циркуларна економија и животна средина“ и „Енергетска транзиција и одржливост“.


Првиот панел ќе ги опфати следниве теми: „Како да се вгради еколошката компонента во развојот на Северна Македонија?, Секундарни минерални суровини во Северна Македонија – состојби, предизвици и можности, Циркуларна економија во Северна Македонија – бизнис практики и зелени вештини во индустријата, Каде, како и со кого? Локации, субвенции и јавно мислење за соларна и ветерна енергија во функција на зелениот раст, Доделување концесии и/или издавање на лиценци, некои потенцијални ризици возачувувањето на биолошката и пределната разновидност, Циркуларната економија како решение за пластичниот отпад: интегриран пристап кон одржлива иднина, како и Зелена транзиција на полимерите: биопластика.“

Исто така, ќе биде презентирана и „Обсервација на корелацијата помеѓу растот и загадувањето – наоди од научен проект.“

Вториот панел ќе ги обработува следните теми: „Влијанието на зелените иновации врз перформансите на фирмите: Емпириска анализа врз основа на податоци од BEEPS, Влијанието на граничната јаглеродна давачка на ЕУ врз глобалните синџири на снабдување, Текстилниот отпад станува ресурс, Национална правна рамка – пречка или поттикнувачки фактор за зелен раст, Од теорија во пракса – конкретни искуства и имплементација на зелен раст во енергетиката, како и Електрохемија, сензори и животна средина.“

На настанот ќе говорат академиците Таки Фити, Абдулменаф Беџети и Владо Матевски, дописниот член на МАНУ Валентин Мирчески, професорите Трајче Стафилов, Гордана Богоева-Гацева, Хирије АбазиАлили, како и Марица Антовска Митев, Татјана Дранговска, Александар Дединец, Катерина Бачева Андоновска, Александра Иваноска-Дациќ, Златко Ветеровски, Ирена Јакимоска и Никола Деребанов.

Можете да прочитате

Силјановска-Давкова од Анкара: Македонскиот јазик мора да се негува и пренесува на идните генерации

Извештајот за спорните операции на срце стигнал до Владата, но останува под превезот на тајност вели Клековски

До 20 часот изгаснати 12 пожари, продолжува борбата со огнот кај Кичево и Битола