Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Манасков дебито за Пелистер посакува да го памети по изненадување против ПСЖ

219693 manaskov pszh e favorit no nema lesno da ja prodademe kozhata.jpg
Img 7972

Македонскиот ракометен првак Пелистер утре (18:45 ч.) во продолжението од елитното европско клупско натпреварување Лигата на шампионите, во Битола, во рамките од 11. коло од групната фаза го пречекува францускиот ПСЖ. Во тимот на битолчани ќе дебитира искусниот поранешен македонски репрезентативец Дејан Манасков. -Помина доста време откако не сум на терените и едвај чекам да започне утрешниот меч против ПСЖ. Мотивиран сум, за тоа не треба да се разговара. Чест ми е што повторно ќе можам да настапувам во ЛШ по една година пауза. Мислам дека сме добро подготвени, а имаме и поголема самодоверба по победата против лутиот ривал на домашната сцена Вардар, вели Манасков.

Македонскиот интернационалец кој долги години играше надвор од Македонија е оптимист дека во последните четири кола од групната фаза во ЛШ можат да ги израдуваат љубителите на ракометот во Битола и да ја прекината низата од десет натпревари без победа. ПСЖ е фаворит, но „зелените“ пред своите гледачи можат да му ги расипат есапите. -ПСЖ е во топ пет екипите во Европа, имаат еден изграден систем кој неколку години веќе функционира. И јас, но и останатите играчи знаеме каков стил на ракомет негува ПСЖ. Раул беше тука и во репрезентацијата и во Вардар, соопшти Манасков на денесшната прес-конференција во пресрет на утршниот дуел во салата „Боро Чурлевски“.

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион