Утрински Весник
Македонија

Ферати – Солстром: Посилна соработка за младите, бизнисите и дијалогот меѓу заедниците

Ferati sohlstrom 3.jpeg

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром.

На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на соработката и зајакнување на врските меѓу двете земји, со фокус на развојните програми и унапредувањето на заедничките проекти, преку искористување на шведското искуство и поддршка.

Посебен акцент беше ставен на промовирањето на агенди што ги поврзуваат граѓаните и институциите на двете земји, особено во областите поврзани со младите и бизнис-секторот, како и на зајакнувањето на дијалогот и соработката меѓу етничките заедници во земјата.

На средбата беше оценето и значењето на поддршката од Шведска за реформските процеси и евроатлантскиот пат на Северна Македонија.

Министерот Ферати и амбасадорот Солстром изразија подготвеност за поттикнување нови иницијативи што ќе придонесат кон развојот, размената на искуства и зајакнувањето на соработката меѓу двете земји.

Можете да прочитате

ЛДП: Реформите на власта се за чист „два плус” – спречете ги идните уцени со нашиот предлог за самозаштитни клаузули

Петровска: Нема разлика во цената на хеликоптерите, Мисајловски избегнува соочување

Сиљановска-Давкова: Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели